Германија повеќе не е водечка земја на европскиот пазар за автомобили

29

409_Germanska-avto-industrija-470-1Европското здружение на производители на автомобили (ACEA) денес соопшти дека побарувачката за нови автомобили во Европа падна во март, што е 18-ти месец по ред, притисната со уривањето на побарувачката во Германија, која ја загуби позицијата најголем европски пазар.

Во минатиот месец Велика Британија и ја презеде улогата на Германија како водечка земја на европски пазар за автомобили, со регистрирани 394.806 нови автомобили, што е за 5,9% повеќе во однос на истиот месец лани.

Германија забележа драстичен пад од 17,1% помалку регистрирани нови возила, односно 284.184. Значителен пад е забележан и кај останатите пазари, па така во Франција се регистрирани 16,2% помалку нови возила, а во Шпанија 13,9% помалку. Единствено Италија од поголемите држави забележала едноцифрен пад од 4,9%.

Во првите три месеци од годината во ЕУ се регистрирани 2.989.486 нови автомобили, што е за 9,8% помалку во однос на првите три месеци од 2012 година