
Германската компанија „Рајнметал“ планира да изгради германска сателитска мрежа слична на „Старлинк“ на Илон Маск заедно со воздухопловната компанија „ОХБ“, а овој проект има за цел да ги направи германските вооружени сили помалку зависни од компанијата на Маск „СпејсИкс“, објавува германскиот „Шпигел“, наведувајќи дека двата конзорциуми се натпреваруваат за договорот.
„Рајнметал“ и „ОХБ“ планираа заеднички да понудат развој на комуникациски систем за германските вооружени сили, споредлив со „Старлинк“ на Илон Маск, а договорот би можел да вреди околу десет милијарди евра.
Минатата есен, германскиот министер за одбрана Борис Писториус (СПД) објави планови за инвестирање на 35 милијарди евра во воена експлоатација на вселената.











