Германија со две милијарди евра ќе ги поддржи добавувачите на авто делови

37

Германските власти за идната година планираат да одвојат две милијарди евра за поддршка на добавувачите на автомобилски делови во процесот на напуштање на дизел моторите.

Претходно, канцеларката Ангела Меркел со нејзините коалициони партнери договори финансиска поддршка во секторот финансиски делови.

Многу од добавувачите се под притисок да го модернизираат своето работење, бидејќи производите што ги нудат и понатаму се фокусирани на мотори на внатрешно согорување.

Преминот на електрични модели е отежнат поради пандемијата, што ја погоди побарувачката за автомобили и остави силни последици врз автомобилската индустрија во земјата.

Владината поддршка ќе биде насочена кон инвестиции во нови производни погони, дигитални и автоматизирани технологии, како и мерки за заштита на околината.

Фото: Freepik