Германија со нови мерки за поддршка на граѓаните и фирмите

29

Германската влада постигна договор за помош на граѓаните со ниски примања и за компаниите што се тешко погодени од строгите мерки за сузбивање на пандемијата.

Одборот на владејачката коалиција постигна договор за новите мерки по скоро пет часа преговори.

Семејствата би требало да добијат еднократен додаток од 150 евра, а минатата година семејствата добивале 300 евра по дете.

Договорена е и еднократна помош од 150 евра за работници кои примаат минимална плата. Поедноставената процедура за добивање помош ќе остане на сила до крајот на годината за самовработените и оние со ниски примања.

Компаниите од добивките што ги остварувале претходните години ќе може да одбијат поголем износ, до 10 милиони, односно до 20 милиони евра во случај на деловен проект со повеќе партнери.

На угостителите им се продолжува мерката за намалена стапка на ДДВ од 7% до крајот на годината.

Фото: Freepik