Во пензија на 69 години, a една петтина нема да доживеат

Во Германија од 2012 година старосната граница за пензионирање е крената на 67 години, а според моменталните податоци, тоа постепено зголемување значи дека се повеќе луѓе умираат пред да дочекаат пензија.

И покрај тоа, поради Ковид-19 повторно се сè погласни оние кои бараат таа граница да се помести на 69 години.

“Во 2019-та година 17% од починатите во Германија не дочекале 67 години, 14,4 % не доживеале ни 65 години, пренесува Neue Osnabrucker Zeitung. Ако старосната граница за одење во пензија се зголеми на 69 години, логично е повеќе луѓе да не ја достигнат старосната граница за пензија.

Во 2019-та година 19,8 % од сите починати биле помлади од 69 години, односно секое петто лице.

Во април неколку економски институти предложиле зголемување на старосната граница за одење во пензија на 69 години, со оглед на оптовареноста на државниот буџет поради пандемијата.

“Таквиот чекор би донел двојна корист”, пишуваат економските институти во пролетниот извештај за Сојузната влада.

Од една страна, би се зголемиле приходите за пензиско осигурување, а од друга страна повеќе луѓе би биле достапни за пазарот за работа.

И германската Централна банка исто така се изјаснила за зголемување на старосната граница за одење во пензија.

Фото: Pixabay