Германија во Украина извезла оружје во вредност од 37 милиони евра

61

Германската влада досега испорача значително повеќе оружје и друга воена опрема на Украина отколку што беше претходно познато – според доверливиот список на Министерството за економија, до 7 март на украинската армија и е испорачан воен материјал вреден 37,3 милиони евра, пишува Шпигел.

Од таа листа сумата од 31,3 милиони евра се однесува на „воено оружје“. Покрај досега познатата испорака на 1.000 противтенковски рачни фрлачи и 500 ракети „Стингер“, беа испорачани и 14 оклопни теренци, 1.300 елеци за панцири, 16 уреди за ноќно набљудување и друга комуникациска опрема.

Веќе се испорачани 23.000 шлемови во вредност од околу два милиони евра. Како што јави ДПА, Министерството за одбрана побарало дозвола од Федералниот совет за безбедност да испорача уште 2.000 противтенковски фрлачи.

Издавањето дозволи за испорака на оружје во Украина сега е поедноставно, пишува Шпигел. Наместо да се чекаат седниците на Сојузниот совет за безбедност, чии членови се најважните министри во владата, испораките може да се одобруваат со таканаречената циркуларна процедура.