Германска компанија гради фабрика за електрични возила во Србија

23

Германската компанија ZF Friedrichshafen вчера во Панчево, Србија, започна со изградба на фабрика за производство на погонски систем за електрични возлила пишува Biznis Info. Инвестицијата ќе биде околу 160 милиони евра, а планирано е да се вработат 1.000 луѓе.

Првата фаза од инвестицијата треба да се реализира до 2021 година и опфаќа изградба на објект со површина од 25.000 квадратни метри на 10,8 хектари земјиште и отварање на 540 работни места. Додека, пак, во втората фаза до крајот на 2022 година, постоечкиот локалитет би бил проширен и изграден уште еден таков од 25.000 квадратни метри.

Компанијата ZF има 230 фабрики во 40 различни земји и вработува околу 140.000 луѓе. Минатата година имаше приходи од 36,4 милијарди евра.

Фото: Pexels