Германска компанија за електроника ќе отвори фабрика во Велес

94

99166975Уште една германска компанија, заинтересирана да инвестира во Македонија, наскоро ќе отвори фабрика за електроника во Велес.

Станува збор за компанија која произведува електронски делови за автомобили, која ќе отвори околу 600 нови вработувања. Ова го изјави премиерот Никола Груевски во Скопје каде беа промовирани кандидатите за градоначалници.

“Министерот Веле Самак ме информираше дека со успех завршиле преговирите со еден германски гигант и дека тие планираат наскоро нова фабрика кај Велес за електроника во која ќе вработат нови 600 невработени луѓе”, истакна Груевски.

Зборувајќи за поволната економска клима во државата и за рангирањето на Македонија според Светската банка, премиерот додаде дека со конкретни дела досега биле привлечени голем број инвеститори како што се Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Кемет електроникс, Кромберт и Шуберт и други.