Германската компанија Маркарт денеска во индустриската зона Каласлари кај Велес ја отвора новоизградената фабрика, пишува Миа.
Инвестицијата се проценува на околу 35 милиони евра, а со отворањето на фабриката се очекува да се вработат околу 600 лица. Во фабриката ќе се произведуваат автомобилски делови за врвни германски брендови како Мерцедес, Ауди и БМВ.
Во март минатата година, германската компанија донесе одлука за инвестирање во Македонија, а првиот контакт меѓу германскиот инвеститор и претставниците на македонската Влада беше воспоставен во 2008 година.
Маркарт е основана 1925 година. Досега има отворено фабрики во повеќе земји низ светот, а годишниот обрт на компанијата и околу 700 милиони евра.