Амбасадорката на Република Германија, Кристин Алтхаузер, денеска ги посети компаните Везе Шари, Лекер и Електрошари во тетовското село Требош.
„Станува збор за соработка која трае со години, иако прв пат сум тука. Имав можност да ја видам работата во сите дејности во кои работат компаниите, односно производство на јајце, сувомеснати производи и биоенергија. Многу видов, научив и ги запознав луѓето кои стојат позади овие компании, семејствата Абдурахмани и Семилер. Ова се компании кои имаат многу социјални и културни проекти, како и ангажмани во заштита за регионот во кој работат“, рече Алтхаузер.
Херман Семилер изрази огромна благодарност за долгогодишната соработка со амбасадата и со семејството Абдурахмани.
“Прекрасно е чувството да се работи рамо до рамо со вистински партнери. Се чувствуваме горди на досегашниот успех”, рече германскиот партнер, Семилер.
За ко-сопственикот од Македонија, Арбен Абдурахмани, огромна е поддршката од семејството Семилер и од германската амбасада во Македонија.
„Секогаш сме ја имале поддршката од семејството Семилер и од амбасадата на Германија во Македонија. Заеднички работиме на проекти со кое го помагаме македонското општество. Средбата ја искористивме позитивно, во насока на размена на досегашното искуство, а она што ни претставува задоволство е потврдата за вистинската стратешка определба која ја поседуваме и ја изодуваме во вистинската насока. Тоа впрочем беше и взаемно констатирано”, додаде сопственикот Абдурахмани.
Посетата претставува дел од редовната деловна агенда на германската амбасадорка во насока на јакнење и развивање на соработката со компании кои поседуваат германски капитал.