
Деловната клима во Германија стагнираше во јануари во споредба со минатиот месец, додека мало подобрување на деловниот расположен е забележано само во индустријата и трговијата, според извештајот објавен од Институтот за економски истражувања Ифо во Минхен.
Проценките за моменталната деловна состојба малку се подобрија, додека очекувањата на компаниите малку се влошија, што укажува дека германската економија влегува во новата година без многу замав.
Во преработувачката индустрија, индексот значително порасна, бидејќи компаниите се позадоволни од тековното работење, а очекувањата се помалку песимистички.
Спротивно на тоа, искористеноста на капацитетите падна од 78,1 на 77,5 проценти и останува под долгорочниот просек од 83,2 проценти.
Трговскиот сектор се опоравува, бидејќи компаниите се значително позадоволни од своето тековно работење, а очекувањата се помалку негативни, и во малопродажбата и во големопродажбата.
Вредноста на овие индикатори, сепак, е сè уште пониска од долгорочните просеци.
Во услужниот сектор, деловната клима се влоши, откако компаниите ја оценија моменталната состојба полошо, додека очекувањата дополнително ослабеа.
Во логистиката, и обемот на нарачки и расположението се намалија, додека во туризмот е забележано значително заладување на деловната клима.
Во градежништвото, деловната клима се подобри благодарение на подоброто тековно работење, додека очекувањата останаа непроменети, според веб-страницата на Минхенскиот институт.











