Германската економија излегува од криза

12

Германската економија ќе го достигне нивото од пред пандемијата веќе во третиот квартал од оваа година, а инфлацијата ќе се зголеми во втората половина од годината, но нема причина за загриженост, порача Централната банка на Германија.

Економијата оваа година ќе порасне за 3,7%, а во 2022-ра би требало да се зголеми на 5,2%, проценува Бундесбанк, врз основа на претпоставките дека пандемијата за кратко и трајно ќе биде запрена. За 2023-та година, германската економија се очекува да се стабилизира на 1,7%.

Економијата ќе го достигне нивото од пред пандемијата веќе во третиот квартал од оваа година, а инфлацијата би требало да достигне 2,6%, што е највисоко ниво од 2008-ма година.

Според Бундесбанк, скокот на цените не би требало да поттикне загриженост, а доколку од инфлацијата се одвои поскапување на енергентите, тогаш порастот би бил за околу 1%.

Во мај, потрошувачките цени во Германија пораснаа за 2,4%, што е највисоко ниво во последните 10 години, потсетува Ројтерс.

Фото: Freepik