Индустријата во Германија очекува оваа година да бидат постигнати подобри резултати одошто во 2020 година, објави здружението на германски индустрии.
Се очекува “силен пораст на производството за 8% во однос на минатата година“.
Многу компании уште од почетокот на годината добиваат значително повеќе нарачки, а германската економија би требало оваа година да забележи раст од 3%, доколку рестриктивните мерки се укинуваат до почетокот на есента.
Меѓу клучните фактори за раст е брзата вакцинација.
Здружението на германски индустрии ги застапува интересите на 40 здруженија што опфаќаат повеќе од 100.000 компании во земјата.
Фото: Pexels