Германската компанија Костал започнува производство во Македонија

29

Германската компанија Костал денеска го означува почетокот на производството во Македонија, јавува Миа.

Капацитетот е лоциран во Охрид, како браунфилд инвестиција во поранешен ЕМО во село Косел. Подоцна се планира да изгради и сопствен капацитет. Најавено е реализација на 1.000 нови работни места.

Костал е семејна фирма и познат снабдувач со напредни електронски технологии, електромеханички и мехатроничи производи за големи индустриски капацитети. Присутна е на 38 локации во 17 земји.