Германската Таурус фармс инвестира пет милиони евра во Богданци

44

jabolka1Германската компанија Таурус фармс ја заврши првата фаза од инвестицијата во Македонија со засадување 15 хектари био-плантажа со јаболка и круши во Богданци, за кои се инвестирани 5 милиони евра.

Менаџерот на компанијата,Томас Шварц, вчера информира дека паралелно со ова заврши и изградбата на складишно-откупен центар кој есенва треба да ги собере и спакува првите плодови.

Шварц нагласи дека ова е ултра модерна био-плантажа во која се работи по европски стандарди. Има ангажирано 10 постојано вработени и 120 сезонски работници на плантажата во Богданци, а ќе се вработат уште 50 лица на трите плантажи на околу 30 хектари кои се во фаза на подготовка.

„Сонцето, одличната почва и поволната бизнис клима не донесоа во Македонија, каде што планираме долгорочен работен век“, потенцира менаџерот Томас Шварц и додаде дека планот на компанијата е да засади вкупно 500 хектари овошки, а во скоро време ќе почне да гради и ладилници на површина од 2.500 хектари.