Германската железница има 53 милиони патници помалку поради коронавирусот

22

Германската железница поради пандемијата на коронавирусот загуби 42% од патниците.

Според интерниот биланс, којшто го објави германскиот весник Bild, од јануари до октомври железницата превезе повеќе од 72 милиони патници, што е за 53 милиони помалку отколку во истиот период минатата година.

Иако е забележан драстичен пад на бројот на патниците, оттаму не планираат да го менува возниот ред и линиите. Намалувањето на линиите и возовите би предизвикало цели региони и градови да бидат одвоени од железничката мрежа.

Германската железница веќе го редуцираше бројот на местата за седење на 85%, намалувајќи го бројот на вагони и меѓународни линии.

Моментно побарувачката за место во воз е трипати поголема отколку за време на пролетниот карантин, па исполнетоста на возовите е меѓу 20 и 25%.

Со 20% исполнетост на возовите, германската железница месечно има обрт од 170 милиони евра, а трошоците изнесуваат 350 милиони евра.

Фото: Pixabay