Германски автомобилски гигант отпушта работници! 1.000 луѓе остануваат без работа, укината е и ноќната смена

117

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ укинува околу 1.000 работни места поради големиот пад на продажбата на електрични автомобили, пишува „Феникс магазин“. Локалните медиуми јавуваат дека работниците во фабриката во Цвикау ќе останат без работа „преку ноќ“ и дека нема да им бидат продолжени договорите на определено време.

Пред една година истото се случи во оваа компанија, кога не им беа продолжени договорите на работниците кои имаат договор на определено време. Освен тоа работи во две смени, ноќната смена е укината.

Германскиот производител на автомобили објави во медиумите дека побарувачката за електрични автомобили не е доволно голема за да ги задржи сите работни места. Во текот на 2023 година веќе се истечени околу 800 договори за вработување на определено време.

Откако се префрли од мотори со внатрешно согорување на електрични автомобили, „Фолксваген“ вработи околу 9.000 работнички во фабриката во Цвикау. Оваа фабрика е фокусирана само на производство на електрични автомобили.