Германски Finleap го презема fintech стартапот Penta

56

Германската компанија Finleap ја презеде берлинско – белградската банка Penta, пишува Нетокрација.

Penta во мај 2016 година ја основаа Лад Одоровиќ и Лука Ивичевиќ од Белград. Тие за TchCrunch изјавија дека оваа аквизиција ќе му овозможи на стартапот да стане дел од екосистемот на Finleap и побрзо да се прошири на интернационалниот пазар. Аквизицијата вклучува лансирање на банка во Италија и партнерство со компанијата Beesy (сервис фокусиран на дигитални банкарски решенија за фриленсери).

Досега, услугите на Penta ја користеле над 5.500 бизнис корисници, меѓу кои се AirHelp berpo11 и Global Digital Woman.

Инаку, Penta е fintech старт – ап што развива мобилни решенија за мали и средни компании, дозволувајќи им на корисниците онлајн да отворат бизнис сметки за само неколку минути. Останатите функции вклучуваат преглед на можности за финансирање на бизнисот во реално време, дебитни картички со посебни лимити за вработени и интеграција со сметководство.