Германски гигант жртва на хакерски напад

86

Германска компанија која произведува турбини за генератори на ветер „Нордекс“ е жртва на хакерски напад.

ИТ безбедноста на групата „Нордекс“ кон крајот на минатата недела беше цел на сајбер напад, соопштија од компанијата.

„Проблемот е рано откриен и веднаш се преземени мерки согласно кризниот протокол“, се додава во соопштението.

Со тоа се исклучени ИТ системи на повеќе деловни области на „Нордекс“, на повеќе локации, а кризниот тим работи внатрешно и надворешно на минимизирање на последиците од нападот.

„Нордеск“ посочи дека исклучувањето на ИТ системот може да има последици за работата со клиентите и воопшто со компаниите.

Ова е еден во низата сè почести хакерски напади врз германски, но и бројни европски компании кои медиумите ги поврзуваат со украинската криза.