Германски и американски компании чии седишта се во Германија, во наредниот месец ќе ја посетат Македонија со цел да ги финализираат нивните потенцијални проекти од аспект на соодветна локација, работна сила и други детали поврзани со инвестициите.
Средба со претставници на компаниите остварија министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, кои ја завршија четиридневната посета на Германија, како дел од редовните роуд шоу активности.
За време на посетата тие имаа средби со поголем број компании со кои Дирекцијата за ТИРЗ е во постојан контакт и напредни преговори за инвестирање веќе подолго време, а дел произлегоа како резултат на Владиното роуд шоу во Германија организирано во соработка со Фајненшл Тајмс.