Германски Lidl отвора 25 нови маркети во САД

176

Германскиот ланец на супермаркети Lidl, до следната пролет, ќе отвори 25 нови продавници во САД, вклучуваќи ги државите Мериленд, Њујорк, Пенсилванија, како и Северна и Јужна Каролина. Заедно со нив компанијата ќе поседува 100 супермаркeти во Америка, но со двегодишно доцнење од планираното.

Lidl е присутен глобално со 10.500 маркети во 29 земји. Но, за разлика од германскиот конкурент Aldi, којшто е присутен на пазарот во САД од 1976 година и има 1.900 продавници, Lidl неодамна започна со експанзија на тој пазар.

Сепак, досега не го постигна посакуваниот успех и покрај ниските цени, органската и свежа храна. Супермаркетите беа преголеми и надвор од урбаните средини што, исто така, не им одеше во прилог, пишува CNN.

Компанијата сега ќе се фокусира на отворање на помали маркети во раздвижени места. Досега најголемо влијание што Lidl го имаше во САД е тоа што “ги натера“ останатите продавници да ги намалат цените.

Фото: Pixabay