Германски министер ги советува граѓаните: Возете велосипед, па помалку ќе увезуваме од Русија

88

Германците треба да почнат да штедат енергија за да станат понезависни од руските фосилни горива, изјави министерот за економија Роберт Хабек, додека најголемата европска економија се обидува да најде начини да го намали увозот на гас и нафта од Русија како одговор на војната во Украина.

Хабек рече дека Германија би можела да стане помалку зависна доколку граѓаните ја намалат потрошувачката на енергија, сугерирајќи им да користат воз или велосипед наместо автомобил секогаш кога е можно, пренесува Ројтерс.

„Секој километар од невозење придонесува за полесно бегство од руските енергетски резерви. Ние ја заштитуваме и климата“, рече Хабек.

Тој изјави дека е можно да се намали индивидуалната потрошувачка на енергија за 10%, додавајќи дека работодавците би можеле да придонесат со тоа што на работниците ќе им понудат можност да работат од дома секаде каде што е можно.

„Секаде каде што е можно, би можеле повторно да работиме од дома еден или два дена во неделата, првично на доброволна основа“, рече Хабек.