Германски министер предлага работењето од дома да биде законско право

91

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл изјави дека планира да предложи воведување законско право на работа од дома во случаи во кои тоа е изводливо, со што тоа би станало можно и откако ќе заврши пандемијата на коронавирусот.

Во изјава за весникот Bild am Sonntag, тој рече дека таков закон сака да предложи на есен, и според првичните проценки, за време на пандемијата процентот на луѓе кои работат од дома се зголемил од 12 на 25 %, па на тој начин сега работно се ангажирани околу осум милиони луѓе.

“Сите кои тоа го сакаат, а работата им го дозволува тоа, би требало да бидат во можност да работат од дома, дури и кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот. За време на пандемијата, дознаваме колку работа во денешно време може да се заврши од дома“, рече Хајл.

Фото:Pixabay