Германски Практикер се повлекува од Турција

66

praktikerГерманскиот “направи сам” (do it yourself) синџир Практикер АГ ги затвора своите продавници во Турција и се повлекува од земјата, откако не успеа да ги продаде деветте продавници кои работат таму.

Компанијата веќе поднесе барање за стечајна постапка до судот во Истанбул.

“Не можeме да си дозволиме постојан “загубар” како Турција. Направивме интензивни напори да ги продадеме турските подружници, но не можевме да постигнеме договор кој би бил економски прифатлив за нас”, вели извршниот директор на Практикер, Армин Бургер.

Тој изјави дека компанијата треба да се насочи кон подобрување на профитабилноста во другите земји во кои работи, преку прилагодување на структурите и процесите и преку дополнително намалување на трошоците.