Германски Tonnies ќе инвестира во Србија

56

tonnies

Најголемиот приватен производител на месо во Европа, германски Tönnies до крајот на оваа недела ќе основа компанија во Србија, пишува Екапија.

Делегација на компанијата престојувала во Србија, каде со претставници на тамошните власти разговарале за реализација на деловните планови.

“По основање на компанијата во Србија, за нас претстојат големи вложувања во фарма за свињи, погони за производство на сточна храна, а подоцна, по достигнување на потребниот обем на примарно производство, и во фабрика за преработка на месо по стандардите на Tönnies, за домашниот, регионалниот и светскиот пазар. Една од нашите стратешки цели е соработка со добавувачи од Србија и пренос на знаењето на српските производители“, изјави Улрих Греве, претставник на Tönnies.