Германски увозници: До крајот на годината рускиот јаглен ќе биде заменет со јаглен од други земји

94

Германските увозници на јаглен претпоставуваат дека до крајот на годинава увозот на јаглен од Русија целосно ќе биде заменет со увоз од други земји, но наведуваат дека тој ќе биде поскап поради повисоките транспортни трошоци.

„Јагленот од Русија може да се замени со јаглен од други земји, како што се САД, Јужна Африка, Австралија, Колумбија, Мозамбик и Индонезија“, рече Александар Бете, претседател на Здружението на увозници.

Тој за медиумите на групата Funke објасни дека рускиот јаглен би можел да биде заменет до следната зима.