Германскиот гигант Leoni ја отвара својата четврта фабрика во Србија

24

Германската компанија Leoni ги отпочна подготовките за изградба на својата четврта фабрика во Србија, којашто ќе биде лоцирана во месноста Ратарско имање близу Краљево, пишува B92.

Новиот објект ќе се простира на површина од 45.000 квадратни метри и според планот треба да биде завршен до крајот на следната година, а ќе вработува окоу 5.000 работници.

Според најавите, во својата четврта фабрика во Србија германската компанија има намера да вложи повеќе од 60 милиона евра.

Leoni е присутна во Србија од 2009 година, а во своите погони во Прокупље, Малошиште и Ниш моментално вработува околу 6.000 луѓе.

Инаку Leoni е глобален снабдувач на производи, давател на услуги и решенија за управување со енергија и податоци, како во автомобилската индустрија така и во други индустриски сектори. Има повеќе од 87.000 вработени во 31 земја во светот и вкупна консолидирана продажба од 4,9 милијарди евра во 2017 година.

Фото: Facebook