Германскиот министер за финансии предупредува: Ова не е привремена криза

195

Министерот за финансии на Германија, Кристијан Линднер денеска предупреди на претстојната фаза на економска „стагфлација“.

Линднер изјави за Handelsblatt дека рускиот напад врз Украина означува не само привремена криза, туку и вовед во нова ера за германската економија.

Тој во авторскиот текст вели дека постои опасност од „стагфлација“, односно фаза во која ќе има ниски стапки на раст, со висока стапка на инфлација.

Затоа, смета тој, потребна е предвидлива финансиска и здрава економска политика.

Посочи дека општиот пад на благосостојбата може да се спречи само со финансиска политика.

Германија, вели тој, мора да ја намали својата еднострана зависност од увозот на енергија од Русија, како и од извозот во Кина.