Судот во Келн, Германија, му забрани на супермаркетот „Алди“ да го продава чоколадото „Дубаи“, наведувајќи дека популарната закуска може да се вика така само ако е произведена во Обединетите Арапски Емирати.
Според странските медиуми, Судот одлучил дека познатиот германски супермаркет веќе не може да продава „Алијан Дубаи хендмејд чоколејт“ бидејќи производот всушност е произведен во Турција. Синџирот супермаркети тврдеше дека тоа е јасно наведено на задната страна на етикетата, но Судот пресуди оти името на производот може да ги доведе во заблуда купувачите, „дека производот всушност бил произведен во Дубаи“ и увезен во Германија.
„Алди“ сепак има право на жалба.
Инаку, тужбата ја поднесе германскиот кондитор Андреас Вилмерс, кој го продава чоколадото од брендот „Фикс“ во Дубаи.