
Германскиот федерален завод за статистика од Висбаден објави дека германските граѓани штедат помалку оваа година, но многу повеќе во споредба со другите земји.
Во просек, Германците издвојуваат една десетина од своите приходи за штедење секој месец, но благодарение на начинот на кој инвестираат, штедачите во другите земји се многу поуспешни, објавува германскиот неделник „Шпигел“.
Во првата половина од 2025 година, стапката на штедење на приватните домаќинства во Германија била 10,3 проценти, односно на секои 100 евра расположлив доход, во просек, се издвојуваат 10,30 евра.











