Германските компании исплатија рекордни дивиденди

Германските котирани компании исплатиле рекордни 75 милијарди евра (82,2 милијарди долари) дивиденди минатата година – надминувајќи го рекордот од 2021 година за 9% – и покрај тешката економска клима.
Пресметките објавени во четвртокот од Германското здружение за заштита на акционери (DSW) и Институтот за стратегиски финансии при Универзитетот за применети науки ФОМ покажаа дека најголема корист имаат водечките компании кои котираат на берзата DAX.

Четириесетте најголеми компании на најголемата германска берза исплатиле вкупно 52,5 милијарди евра. Според податоците, само три производители на автомобили Мерцедес Бенц, БМВ и Фолксваген на своите акционери им платиле вкупно околу 15,5 милијарди евра.

Студијата вели дека 27 компании ги зголемиле своите дивиденди.