
Недостатокот на чипови, односно материјали за производители на електронски и оптички производи во Германија, се зголеми во октомври, објави германскиот економски институт IFO.
Институтот наведува дека 10,4 проценти од анкетираните компании пријавиле проблеми во набавката на наведените материјали, во споредба со 7,0 проценти во јули и 3,8 проценти во април.
Раководителот на истражувањето Клаус Волрабе истакна дека „контролните механизми и трговските ограничувања за ретките земни елементи си го земаат данокот“.
„Доколку овој тренд продолжи и се влоши, тоа негативно ќе влијае и на економскиот раст“, рече тој.
Во производството како целина, само 5,5 проценти од компаниите пријавиле проблеми со снабдувањето, во споредба со 5,8 проценти во јули, што е далеку под долгорочниот просек од 15 проценти.











