Германските туристи годинава ќе ја заобиколат Грција?

37

RhodesГрција оваа година може да остане без германски туристи, затоа што помалку од 1% Германци планираат летово да ја посетат оваа земја, стои во извештајот на германската Фондација за идни студии.

Само 0,8% од анкетираните рекле дека планираат годинава да ја посетат Грција, изјави Улрих Рајнхарт кој го спровел истражувањето.

Минатата година својот годишен одмор во Грција го минале 1,7% Германци, додека во 2009 година имало 3,3% германски туристи.

Според туристичките оператори, причината поради која германските туристи ја избегнуваат Грција се извештаите за антигерманско расположение во некои места и телевизиските снимки од штрајкови и нереди поради мерките за штедење. Проблемот со имиџот ги тера германските туристи да бараат алтернативни туристички дестинации, како што се Турција, Италија или Шпанија.

Минатата година Грција ја посетиле 15,5 милиони странци, што е за 6% помалку од 2011 година.