Германските угостители во “минус“ од 17,6 милијарди евра

28

Загубите на германските угостители од март до јуни оваа година достигнаа 17,6 милијарди евра, покажуваат податоците од Здружението на хотелиери и угостители на Германија, Dehoga.

Од овој износ, 11 милијарди евра се загубени само во април и мај, а во првите шест месеци приходите на угостителите, во споредба со првото полугодие во 2019 година, се намалени за околу 40%.

Според податоците на здружението, околу 62% од угостителите наведуваат дека кризата предизвика проблеми со нивната егзистенција.

Фото: Freepik