Ги тужеа 10.000 луѓе: Фолксваген мора да плати 27 милиони евра

43

Германскиот гигант Фолксваген постигна вонсудска спогодба со клиентите во Австрија, кои беа оштетени од аферата „Дизелгејт“.

Да потсетиме, оваа афера започна во септември 2015 година, кога американската Агенција за заштита на животната средина, ЕПА, објави дека VW мамел на тестовите на издувните гасови.

Овој скандал се прошири и на други производители, а австриското здружение за заштита на потрошувачите VKI поднесе 16 тужби кои застапуваа 10.000 купувачи на автомобили VW. На крајот германската компанија треба да плати 27 милиони евра.

Дури и на поранешниот шеф на Фолксваген, Мартин Винтеркорн, му се суди во Германија поради вмешаност во оваа афера. Судењето започна во септември, но моментално е во мирување бидејќи Винтеркорн се повредил кога паднал. Треба да продолжи следната година.