Гигант “го одврза ќесето“: Дава бонуси, повисоки плати, плаќа факултет на вработените

170

Инвестирањето во работниците можеби никогаш не било позначајно. Иако Аmazon работеше беспрекорно за време на кризата во 2020 година, бидејќи карантинот купување преку Интернет го “искачи“ до небото, тоа сигурно не значи дека има простор за опуштање.

Имено, компанијата донесе одлука да плати четиригодишно образование за околу 750.000 свои работници, на територијата на Соединетите Американски Држави.

Од јануари 2022 година, овој гигант за прв пат ќе плаќа школарина, такси и учебници за работниците во складиштето, како и за возачите и другите работници кои сакаат да добијат диплома.

Покрај тоа, Аmazon планира да ги покрие трошоците поврзани со програмите за матура во средно училиште, како и курсеви по англиски јазик – за оние кои не го знаат јазикот.

Исто така, се посочува дека тие ќе треба да учат и да работат паралелно. Патем, оваа одлука на империјата на Џеф Безос не дојде случајно.

Колку и да е успешен, Amazon има бројни предизвици секој ден, и пред сè да ја надмине конкуренцијата, како што се Walmart или Target. Според странските медиуми, тие конкурентски компании, исто така, почнале да нудат бенефиции за вработените.