Гигант гради фабрика вредна 17 милијарди евра – може да биде решение за кризата со чиповите

158

Интел ја избра Германија како главна локација за фабриката за чипови вредна 17 милијарди евра.

Интел е мултинационална американска технолошка корпорација, со седиште во Санта Клара, Калифорнија.

Потсетуваме, компанијата за електронски возила Тесла, пред некој ден, по повеќемесечни преговори  конечно доби одобрение да продолжи со изградбата на својата фабрика во близина на Берлин.

Така, Германија станува се поатрактивна локација за американските компании.

Кризата со полупроводниците, особено во текот на 2021 година, доведе до значителни проблеми во различни области, бидејќи овие мали компоненти се составен дел на речиси сè што „можете да замислите“.