Гигант кој може да ја турне Кина на колена – слично како што Lehman Brothers ја покренаа кризата во САД во 2008 година

172

Кинеската компанија за развој на недвижности Евергранде груп, која пропаѓа, може да ги загрози помалите кинески банки ако веќе не може да ги исполни своите финансиски обврски, а други сектори во економијата, исто така, може да бидат засегнати, предупреди Фич.

Евергранде се обидува да обезбеди пари за да ги исполни своите обврски кон голем број заемодавачи и добавувачи, а регулаторите предупредија дека нејзините обврски од 305 милијарди долари може да претставуваат поголем ризик за кинескиот финансиски систем, доколку не се стабилизира.

“Веруваме дека неспособноста Евергранде да ги исполни обврските ќе ја зајакне поларизацијата на кредитот кај градежниците и може негативно да влијае на некои помали банки“, соопшти агенцијата во вторникот. Помалите банки со поголема изложеност кон Евергранде или други ранливи компании за развој на недвижности би можеле да се соочат со значително зголемување на лошите заеми, во зависност од тоа како се развиваат кредитните случаи со Евергранде, велат од агенцијата.

Тие, исто така, предупредуваат дека многу сектори би можеле да бидат изложени на зголемен кредитен ризик, иако целокупното влијание врз банкарскиот сектор треба да се држи под контрола, пренесува Сеебиз.

Некои аналитичари ја опишаа кризата во Евергранде како “кинески Lehman Brothers“. Само што овој пат станува збор за компанија за развој на недвижности, а не инвестициона банка.