Гигант за храна ги зголемува цените на сите производи: “Мора да се навикнете на тоа“

137

Потрошувачите ќе мора да се навикнат на повисоките цени на храната, изјави извршниот директор на американската компанија Kraft Heinz, Мигел Патрисио за британските медиуми, истакнувајќи дека производителите во моментов имаат тешкотии да ја следат побарувачката.

Меѓународниот гигант за храна ги зголемува цените во неколку земји. За разлика од претходните години, рече Патрисио, сега цените на сите производи растат. Според Организацијата на ОН за храна и земјоделство ФАО, цените на храната се зголемија на највисоко ниво во последните 10 години во септември, поттикнати од повисоките цени за житарици и растителни масла.

Kraft Heinz ги зголеми цените на повеќе од половина од своите производи на домашниот американски пазар, а Патрисио признава дека ги покачуваат и на други пазари.

Потрошувачите треба да се навикнат на повисоките цени на храната бидејќи расте светската популација, а бројот на земји каде што се произведува храна не, објаснува тој. Долгорочно, “технологијата ќе им помогне на земјоделците да бидат попродуктивни“, рече тој.