Фото: Girls Auto Clinic
Girls Auto Clinic (GAC) е механичарска работилница во сопственост на Американката Патриш Бенкс. Оваа работилница е карактеристична по тоа што е наменета за жени возачи и за нивните миленици на четири тркала.
Но, оваа работилница е посебна по тоа што клиентите имаат можност за уживаат во третманите за разубавување додека трае поправката на нивниот автомобил.
“Не е тајна дека жените генерално не се разбираат во автомобили – како функционираат или како треба да се одржуваат. Најголем дел од жените не сакаат да купуваат автомобил или да го носат на поправки, бидејќи не ја разбираат работата. Од друга страна, автомобилската индустрија не презема ништо конкретно да го промени тоа и покрај фактот што половина од нивните клиенти се жени и годишно трошат околу 200 милијарди долари на купување и поправка на автомобили“, велат од GAC.