GlobalCoin – крипто валута на Facebook што ќе се користи од следната година

15

Фото: Pixabay

Facebook ги финализира плановите за претставување на сопствена крипто валута следната година, јавува BBC.

Планирано е до првиот квартал од 2020 година да биде воспоставен систем за дигитални плаќања во десетина земји, а до крајот на годината да почне со тестирање на своја крипто валута, под интерно име GlobalCoin.

Facebook, исто така, преговара со компании за трансфер на пари, вклучувајќи го и Western Union, бидејќи бара поевтин и побрз начин за испраќање и примање пари на оние кои немаа своја банкарска сметка.