Светска банка очекува глобалната економија оваа година да забележи раст од 5,6% оваа година, што е најбрз раст по рецесијата во последните 80 години, најмногу поради силното закрепнување на неколку водечки економии во светот.
Но, многу пазари во развој и понатаму се борат со пандемијата и нејзините последици, наведува Светска банка. Меѓународниот кредитор проценува дека светскиот бруто домашен производ во 2022-ра година ќе порасне по стапка од 4,3%, по што во следниот период растот ќе забави на 3,1%.
И покрај зарепнувањето, глобалното производството до крајот на годината ќе биде за околу 2% под нивото од пред пандемијата.
Иако постојат позитивни знаци на глобално закрепнување, пандемијата и понатаму создава сиромаштија и нееднаквост меѓу луѓето во земјите во развој ширум светот.
Кога станува збор за водечките економии во светот, Светска банка предвидува дека САД ќе имаат раст од 6,8%, како резултат на огромната финансиска поддршка и ублажување на рестриктивните мерки. Растот во другите развиени економии, исто така, ќе зајакне, но во помала мера.
Фото: Freepik











