GM го купи стартапот Cruise Automation, работи на развој на возила без возач

20

gm_hq-580x326

General Motors Co. во петокот објави дека го купи американскиот старт-ап Cruise Automation, што е чекор напред во забрзување на процесот на развој на возила без возач, јавува Ројтерс.

Овој старт-ап со 40 вработени, веќе работи на развивање на хардвер и софтвер кој може да се инсталира во автомобил и да му овозможи да вози без возач.

GM планира да ги искористи технологијата и луѓето на Cruise за да го забрза развојот на автомобили кои оперираат без возач, кои, според претседателот на компанијата, Ден Аман, ќе станат дел од нивната флота “што е можно поскоро”.

Вредноста на зделката не е објавена.