Го напуштаат центарот на градот и се селат на периферија

50

Во текот на карантинот поради пандемијата, пазарот на недвижнини скоро и да беше во целосно мирување. По отворањето – интересот за недвижнини во Хрватска повторно расте.

Но, поради зачестените земјотреси во последниот период, недвижнините во центарот на Загреб ја губат својата атрактивност, пренесува ХРТ.

Според потпретседателот на Здружението на агенции за недвижнини во хрватската  стопанска комора, Борислав Вујовиќ, недвижнините во центарот на Загреб стануваат неатрактивни поради потресите. Тој додал дека за околу 500 евра е пониска пазарната цена на недвижнините во споредба со нивото од пред 15-ти март.

“Треба да се има предвид дека цените на новите згради во центарот на градот се стабилни и тие се уште поатрактивни од претходно. Цените им растат, но со оглед на тоа што ги има помалку, тие не влијаат на цените во центарот“, додава тој.

Луѓето кои ги доживеале земјотресите во Загреб сакаат да живеат надвор од градот, па бараат земјиште на коешто може да си изградат квалитетна и безбедна куќа. Коронавирусот, исто така, имал влијание врз одлуката жители од центарот на градот да се префрлат на неговата периферија.

Што се однесува до недвижнините на крајбрежјето, според него, имало голем интерес од странци

“Оваа година има голема побарувачка, доаѓаат нашите традиционални купувачи од Словенија, Австрија и Германија и бараат недвижнини“, рекол Вујовиќ.

Фото: Pixabay