Го скршија мразот, заплови првиот крузер по карантинот

216

Туристички крузер исплови во петокот од германско пристаниште, прв пат откако пандемијата со коронавирусот нанесе голем удар на индустријата со крстарења.

Mein Schiff 2 со кој управува туристичкиот гигант Tui, исплови од сверното пристаниште во Хамбург на тридневно патување по Северното море.

На бродот има околу 1.200 патници, додека вообичаениот капацитет изнесува 2.900 луѓе.

Компанијата објави дека и било дозволено на бродот да има 1.740 патници, но таа квота не била постигната.

Се очекува патниците викендот да го поминат на море без застанување на копно, пред да се вратат во Хамбург во понеделник наутро.

Фото: Pixabay