Go Sling Pro – мини торба за патување “отпорна“ на крадци

70

Go Sling Pro е компактна мини торба за патување што може да послужи како футрола за фотоапарат во зависност од потребите на корисникот.

Изработена е од ултра цврст материјал, наречен Кевлар, којшто е пет пати посилен од челик. Go Sling Pro има патенти што се заклучуваат, што овозможува дополнителна заштита од крадци, а ременот е исто така “отпорен“ на сечење.

Торбата е водоотпорна, има надворешен USB влез за полнење на батерии, а доаѓа во три бои сива, темно сина и црна.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано 57,384 долари, а првично побарале 9.000. Кампањата трае уште еден месец, а првите испораки се очекуваат во ноември годинава.

Фото Kickstarter