Го сруши сопствениот рекорд, Безос сега “тежи“ скоро 200 милијарди долари

123

Најбогатиот човек на светот, сопственикот на Amazon, Џеф Безос, сруши нов, сопствен рекорд.

До пред само неколку дена, имаше нето-вредност од 197,8 милијарди долари, но денес достигна 199,7 милијарди, и малку му недостасува да ја заокружи  вредноста.

Ова значи дека вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс, останува далеку од шефот на Amazon, со своите “скромни“ 115,5 милијарди долари.

Вчера акциите на Amazon скокнаа за 1,2%, што го зголеми своето богатство за околу 2,1 милијарди долари. Бидејќи има толку голем удел во компанијата за е-трговија, дури и најмала промена за подобро, поврзана со растот на Amazon, автоматски се одразува на сметката на сметката на Безос.

Овој рекорд доаѓа откако Безос достигна вредност од 197,8 милијарди  долари, што магазинот Fortune го забележа како рекорд откако го мери статусот на милијардери од 1982 година. За потсетување, Безос има 11,1% удел во компанијата со пазарна вредност од 1,68 билиони долари.

Фото: Facebook