GoBout – средства за лична хигиена спакувани во едно шише

52

sise

Фото:Kickstarter

GoBout им овозможува на луѓето кои патуваат да го сместат шампонот, гелот за туширање, лосионот за тело во преносливо шише. GoBout го олеснува пакувањето на сите потребни течности за хигиена во еден едноставен сад којшто е компактен, еколошки и совршен за кампување и патувања.

Претходно, патниците мораа да носат неколку различни пластични шишиња и кеси за да ги сместат средствата за лична хигиена. Тоа резултира со милијарди тони пластичен отпад, а GoBout е едноставен и еколошки.

Доаѓа во две големини, голема и мала. Големата има пет капсули, а секоја од нив собира по 100 милилитри течност. Помалата верзија има четири капсули коишто собираат по 100 милилитри течност.

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 30.000 долари. До крајот на кампањата остануваат 11 дена и веќе ја има остварено целта со собрани 47.026 долари.