Годишната инфлација во Црна Гора падна на 4,2 проценти во ноември

Годишната инфлација во Црна Гора се намали во ноември од 4,8 проценти во октомври на 4,2 проценти, така што сега е најниска во последните пет месеци, објави Црногорскиот завод за статистика (Монстат).

Цените на храната, пијалоците, мебелот и угостителските услуги во Црна Гора се зголемија со побавно темпо отколку во октомври, додека транспортот и културата забележаа побрз раст на цените.

Храната и безалкохолните пијалоци пораснаа за 3,9 проценти на годишно ниво, во категоријата мебел, опрема и одржување на домот, цените се зголемија за 3,3 проценти, алкохолот и тутунот за шест проценти, услугите во рестораните и хотелите за 5,8 проценти.