Годишната стапка на инфлација во Грција во март падна на 2,4 отсто, најниска во последните четири месеци

Годишната стапка на инфлација во Грција во март падна од февруарските 2,5 на 2,4 отсто и сега е на најниско ниво во последните четири месеци, покажуваат денеска објавените податоци на грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).

Пониската инфлација главно се должи на движењето на транспортните цени кои на годишно ниво паднаа за 1,6 отсто, додека претходно во февруари пораснаа за 0,3 отсто.

Цените на облеката и обувките во март се зголемени за 3,6 отсто на годишно ниво, а во здравството за 1,6 отсто, што и во двата случаи е побавно од февруари.